БИЛ ВОЗНЕМИРЕН ОД ЗВУКОТ НА АЛАРМОТ – Чистачот го исклучил замрзнувачот и уништил 20 години истражување
Еден американски чистач уништил значајно истражување кое се вршеше дури 20 години со исклучување на лабораториски замрзнувач откако му пречеле звуците.
По инцидентот што се случи на американскиот универзитет, било поднесена тужба, но чистачот не е обвинет. Тој се обиде да го запре досадниот аларм и го исклучил замрзнувачот во 2020 година. Штетата се проценува на еден милион долари, а во тужбата се бара отштета од Daigle Cleaning Systems Inc. за која чистачот работел во Политехничкиот институт Ренселаер во Њујорк. Исто така, во тужбата е наведено дека компанијата не го обучила адекватно вработениот.
Замрзнувачот содржел примероци кои морале да се чуваат на одредена температура, а алармот би се вклучил секогаш кога ќе имало мала промена на температурата за да го предупреди персоналот.
На 14 септември, персоналот на универзитетот утврдил дека замрзнувачот има потреба од сервисирање, па им оставиле порака на чистачите дека ќе дојдат мајстори за да ги поправат.
“Овој замрзнувач ‘пишти’ затоа што му треба поправка. Ве молиме не го поместувајте или исклучувајте. Нема потреба да се чисти овде. Можете да го притиснете копчето за аларм/тест 5 до 10 секунди доколку сакате да го исклучите звукот“, се наведува во пораката.
Меѓутоа, чистачот претпоставил дека прекинувачите што обезбедувале струја на замрзнувачот се всушност исклучени и дека тоа е причината за алармот. Потоа несвесно ги префрлил во положбата „исклучено“, а следниот ден истражувачите откриле дека температурата била минус 32 наместо потребните минус 80. Тоа го компромитирало и уништило повеќе од 20 години истражување. Тоа е дело поврзано со фаќање и претворање на сончевите зраци во употреблива енергија.