Бислимовски: Високите дневни температури ќе влијаат на сметките за парно

Претседателот на Регулаторна, Марко Бислимовски, вели дека високите дневни температури ќе влијаат на сметките за парно.

„Има режими на работа, преку ден ако температурата е над 18 степени, за тие неколку часа се исклучува греењето, така што нема потреба да се троши гас, февруари е екстремно топол, па верувам дека ова ќе има позитивен ефект врз броилата како и во сметките за парно кои се во текот на месеците мај, јуни, јули“, рече Марко Бислимовски во „Студио 10“ на ТВ24.

Тој додаде дека домаќинствата имаат субвенционирана цена за парно до крајот на грејната сезона од Владата.