МЕМО, МЕПСО и Електродистрибутори поднеле барања за новата цена на струјата по Нова година. Како што информира директорот на Регулаторна, Марко Бислимоски, доколку се прифатат сечии барања, сметките за струја би се зголемиле за 27 отсто, пренесува Телеграф Македонија.
Регулаторот сега ги анализира барањата и очекуваат на крајот на следната недела да ги донесат цените за МЕПСО за пренос, за МЕМО за организација на пазарот и за Електродистрибутер за дистрибуција на енергија до потрошувачите.
ЕСМ понуди 57 евра наместо 53 евра за мегават час и наместо да обезбеди 100% од вкупните корисници, ќе обезбеди 95%.
„Согласно измените во Законот за енергетика, универзалниот снабдувач ќе ги направи пресметките и ќе ги достави на контрола до Регулаторна. Во таа контрола имаме право да донесеме посебна одлука со точно дефинирани опсервации. Ќе бидеме максимално транспарентни за секоја одлука што ќе ја донесеме“, рече Бислимоски на денешната прес-конференција.