Бислимоски: Со воведувањето на евтината тарифа ќе станеме земја со најевтина цена на струјата

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика , Марко Бислимоски изјави дека Македонија во моментов ја има втората најевтина струја во Европа, односно поскапи сме само од Србија, пренесува Телеграф Македонија.

„Кога ќе се воведе евтината дневна тарифа, сигурен сум дека ќе имаме најевтина цена на струјата за домаќинствата во Европа. Не можете да најдете друга земја која се обидува да им помогне на своите граѓани на овој начин. Граѓаните најмногу ќе ви требаат кога наесен ќе почне грејната сезона.

Со ова испраќаме сигнали до ЕСМ и ЕВН Дом да купуваат струја во периоди кога е поевтина“, рече Бислимоски во „Сител“.

Бислимоски појасни дека во 2012 година по налог на тогашната влада била тргната евтината тарифа.
Според него, потребна е целосна промена на начинот на кој државата ќе ги покрива трошоците за струја за граѓаните, особено за најранливите потрошувачи.