Битиќи: Ова место ни е заедничко и мора да се грижиме за него

Владата на СДСМ уште еднаш покажа како се води државата одговорно, државно и демократски, напиша на Фејсбук вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

„За жал, ВМРО-ДПМНЕ во дадениот случај уште еднаш го покажа спротивното. Не гласаа ниту за своите министри во техничката влада и докажаа дека развојот и европскиот пат не биле и никогаш нема да бидат опција за нив.

Честитки и успешен мандат за новиот прв вицепремиер Бојан Маричиќ, новиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски, новиот министер за труд Ѓоко Велковски, како и новиот шеф на владата Талат Џафери. Ги повикувам министрите на ВМРО-ДПМНЕ да го напуштат партиското оро на кое денеска бевме сведоци. Оваа земја ни е заедничка и мора да работиме и да се грижиме за неа.

Честитки за новата Влада. Да служиме чесно, достоинствено и одговорно“, рече Битиќи.