Ковачевски: Честитки за новата Влада, останете посветени на приоритетите на државата

Честитки за новоизбраната Влада, ви посакувам успешна и ефикасна работа. Верувам дека ќе останат посветени на приоритетите на државата и ќе продолжат активно да дејствуваат во интерес на граѓаните, на европскиот пат по кој чекориме заедно, напиша Димитар Ковачевски на својот Фејсбук профил.

„Голема благодарност до членовите на Владата во мојот мандат за успешно сработеното и успешно соочување со предизвиците во последните две години. Воопшто не беше лесно, но успеавме да направиме многу.

По изборите што ќе ги одржи оваа преодна влада, во мојот втор мандат ќе ја предводам новата, проевропска влада, со што ќе се заокружи втората стратешка цел поставена од независноста на државата – членство во ЕУ“, се наведува во соопштението. на Ковачевски.