Битиќи: Претседателските и парламентарните избори ќе бидат одвоени

Изборите ќе бидат регуларни, имаме ист став и во партијата и во коалицијата, претседателските и парламентарните избори да бидат одвоени и за доброто на државата да се разговара за датумите, рече заменик  премиерот Фатмир Битиќи.

„Што се однесува до евентуалната коалиција за парламентарните избори, тој рече дека социјалдемократите имаат широк коалициски капацитет, се лојални на европскиот фронт и на европската идеја и се отворени за сите партии кои сакаат да бидат со нив“, рече Битиќи.

Битиќи рече дека обединети околу европскиот фронт и европската идеја за подобра иднина на земјата.

„Во минатото докажавме дека имаме широк коалициски капацитет со различни партии. И последните парламентарни избори во 2020 година беа во таков дух.

Сега го нарекуваме европски фронт. Сите партии кои се отворени можат да влезат или во заеднички листи или во заеднички дух за подобра европска иднина на државата“, додаде тој.