Движење Беса: Власта ги штити криминалците кои прислушуваа граѓани

Движењето Беса преку својот генерален секретар Абдуш Демири реагираше во врска со ослободувањето на Сашо Мијалков од обвинувањата за масовно прислушување. Кривичните дела за кои беше обвинет поранешниот началник на ДСК, како што објави КланМ, застарија како резултат на неодамнешните измени во Кривичниот законик.

Според Демир од Движењето Беса, владејачките партии штитат, според него, поранешни криминалци, кои незаконски прислушувале стотици граѓани. Демири ја споменува и интерпелацијата за главниот обвинител Јовевски, која, како што вели, ги блокира СДСМ и ДУИ.

„Како близок соработник на Сашо Мијалков, Артан Груби и ДУИ успешно ги спроведуваат своите сценарија за заштита на поранешни криминалци, пријатели со кои незаконски прислушувале граѓани, бизниси и политички противници и им се одмаздувале во различни форми, дури и со живот. . Ова се сфати од прислушувањата што ги објави самата СДСМ, а кои, како што се гледа, заедно со ДУИ и Артан, завршиле во скутот на Мијалков.

Вистината излегува на површина како што народот вели „Како тиква на вода“. Токму ова е причината поради која ДУИ и СДСМ го блокираат сослушувањето на главниот обвинител Љубомир Јовевски во Собранието. Затоа што ова е лицето кое ги чува во фиока предметите за криминалите на соработниците на ДУИ и СДСМ, како и за криминалите на владините функционери“, рече Демири.