БИЈАТ КАМБАНИТЕ, ВЛАДЕЕ ОПШТА УЗБУНА: Апокалиптични сцени од пожарите во Грција – огнот незапирлив, армијата итно ги преместува авионите (ВИДЕО)

Шокантни снимки се снимени во Неа Агиалос каде пламенот се приближува до градот, а жителите се евакуираат.
Полициските сили им даваат инструкции на граѓаните како да избегаат од областа. Владата е на готовс, а црковните ѕвона постојано бијат за да сфатат и последните жители дека мора да си заминат.

– Ги повикувам сите жители да си заминат, нас не интересира човечки живот, а не имот. Евакуирани се 80 отсто од Неа Агиалос – изјави претходно градоначалникот на Волос, Ахил Беос.

Пожарот веќе втор ден неконтролирано гори во Магнезија.

Во четвртокот нешто пред 18 часот имаше експлозии во магацините за муниција на 111-от борбен полк. Магацинот се наоѓа на неколку километри од аеродромот и има надземни и подземни тенкови, како и муниција.

Експлозиите од магацинот се слушнале дури до Волос и Скопелос.

Ударниот бран ги скрши стаклата на куќите и излозите во околината.

Локалните медиуми јавуваат дека нешто по 19 часот, раководството на Министерството за одбрана наредило превентивно отстранување на три ескадрили борбени авиони Ф-16 поради континуирани експлозии и неконтролиран оган.