БЛИЦКРИГ НА ЦРНОМОРСКАТА ФЛОТА: Министерството испрати порака со ознака „ИТНО“, кренати се во воздух сите означени цели на украинската воена инфраструктура

Битките на Црното Море се интензивираат за важни стратешки позиции на брегот. Во текот на ноќта Русија изврши уште еден успешен напад.

Фрегата на руската Црноморска флота изврши напад со четири крстосувачки ракети „Калибар“ врз украинската воена инфраструктура , соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

– За време на мисијата во Црното Море, екипажот на фрегатата на Црноморската флота доби итна задача во најкус можен рок да изврши напад со крстосувачки ракети „Калибар“ врз објекти на воената инфраструктура на непријателот – соопштија од министерството на Телеграма.

Како што се додава, лансирањето на ракетата било успешно и биле погодени одредените цели , пренесува Тасс. 

Министерството објави и видео од лансирањето на ракетата, додава РИА Новости. 

Ројтерс вели дека не може независно да ги потврди тврдењата или да утврди кога се случил нападот. 

Украина засега не објави ништо за тоа. 

Украинската морнарица претходно објави дека руската морнарица од вторникот вечерта задржала две подморници со вкупно осум ракети „Калибар“ на борбена задача во Црното Море. 

Украинската морнарица предупреди дека постои високо ниво на закана од ракетни напади.