Блинкен во Брисел ќе ја поддржи стабилноста на Западен Балкан

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ќе ја изрази својата поддршка за демократијата и регионалната стабилност на Западен Балкан на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел, соопшти денеска Стејт департментот.

Блинкен во периодот од 27 до 29 ноември ќе отпатува за Брисел каде ќе ја нагласи поддршката на САД за демократијата и регионалната стабилност на Западен Балкан“, се наведува во соопштението.

Се додава дека ова ќе биде прв министерски состанок на Советот на Украина и НАТО.

„Секретарот Блинкен ќе ја нагласи цврстата посветеност на Алијансата кон Украина во борбата против руската агресија, а исто така ќе разговара и за приоритетите на Самитот во Вашингтон во јули 2024 година“, соопшти Стејт департментот.