Приватна фирма ќе го чисти Скопје во текот на зимата за 65 милиони денари

Градот Скопје склучи договор со приватна компанија за набавка на специјални возила за зимско одржување на патишта на територијата на град Скопје. Тендерот од близу 65 милиони денари (1.152.360 евра) е склучен пред два дена, го доби фирмата НЕКСОС ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје, како единствена пријавени на јавниот повик.

Возилата за зимско одржување ќе бидат лоцирани на одредените пунктови на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје, додека зимско одржување ќе вршат на патиштата со 24-часовен сервис.

Договорот ќе се изврши според единечните цени што ги нуди Превозникот во ценовникот, за ангажирање на специјално возило со соларен трактор и плуг (три оски или четири оски).

За изнајмување на специјални возила со соларни плугови и плугови за повеќе од 40 ефективни работни часови месечно, ќе се наплаќа по понудената цена за еден ефективен работен час.

Со оваа сума се планира да се опфатат две зимски сезони.