Спасовски: Следната недела некои делови од Скопје ќе бидат блокирани поради Самитот на ОБСЕ

Неколку институции работат на подготовка на министерскиот самит на ОБСЕ, кој ќе се одржи следната недела во Скопје“, вели министерот за внатрешни работи Спасовски. Тој рече дека МВР се подготвува за овој настан во текот на целата година. Свое присуство на самитот најавија повеќе од 70 странски делегации и над илјада учесници.

Според Спасовски, тоа е широка акција која мора да се спроведе од безбедносен аспект, а сите служби се целосно подготвени.

„Очекувам се да оди добро. Ова е важен самит. Имаме шанса да покажеме капацитети, демократски вредности. На крајот на самитот, сите земји во светот треба да не гледаат со почит. Мислам дека треба да ни биде чест на сите. Ги повикувам граѓаните да бидат трпеливи за време на самитот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници. Нема да има блокада на целиот град, туку ќе има блокада на некои патишта низ кои ќе се движат делегациите“, рече првиот човек на МВР.

На 30 ноември и 1 декември во салата „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи триесеттиот Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Настанот се одржува во рамките на претседателството на РСМ со оваа меѓународна организација.