Блинкен и Клеверли разговараа за Газа

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли телефонски разговарале за војната во Газа, соопшти американскиот Стејт департмент.

За време на разговорот, Блинкен и Клеверли „го потврдија правото на Израел на самоодбрана“ и разговараа за „ангажман со партнерите во регионот, со цел да се спречи ширењето на конфликтот и да се обезбеди ослободување на заложниците“, пренесува Тајмс оф Израел.

„Тие повторија дека е неопходно да се обезбеди континуирана испорака на хуманитарна помош за цивилите во Газа“, се вели во соопштението на Стејт департментот, пренесува Танјуг.