Илјадници протестираа во Атина барајќи прекин на „масакрот“ на Палестинците во Газа

Повеќе од 5.000 луѓе се собраа денеска на протест во Атина, барајќи да се стави крај на „масакрот“ на Палестинците во Појасот Газа, соопшти полицијата.

„Се бориме за мирот на народот“ и „Стоп за масакрот на палестинскиот народ во Газа“, скандираа демонстрантите, пренесе Атинската новинска агенција.

Учесниците на протестот, кои пешачеа до израелската амбасада во Атина, го нарекоа Израел „држава-убиец“, пренесува Тајмс оф Израел.

Стотици илјади демонстранти се собраа во саботата во градовите низ Европа, Блискиот Исток и Азија за да покажат поддршка за Палестинците во време кога израелската армија ја прошири воздушната и копнената офанзива на Појасот Газа, пренесува Танјуг.