Блинкен: Прерано е да се каже како ќе се одвива украинската контраофанзива

– Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека е премногу рано да се каже како ќе се одвива украинската контраофанзива, но оти Вашингтон е убеден дека Киев ќе продолжи да има успех во враќање на териториите што сега се под контрола на Русија.

Блинкен потенцира дека САД се одлучни да ја максимизираат својата поддршка за Украина за да може да успее на бојното поле.

Тој најави дека на претстојниот Самит на НАТО во Вилнус, Украина ќе добие „робустен“ пакет политичка и практична поддршка.