Богоев: Поминав со татко ми 4 месеци на Онкологија – ако навистина се препродавале лекови, тоа заслужува најстрога казна

Директорот на Царинската управа, Стефан Богоев преку социјалната мрежа Фејсбук испрати целосна поддршка до иституциите за разрешување на случајот за препродавање на лекови за сметка на животите на тешко болните на Клиниката за онкологија, истакнувајќи дека таму поминал четири месеци со неговиот татко.

„Јас поминав цели 4 месеци со татко ми на Онкологија.

Случајот во најмала рака е згрозувачки.

Кој не бил, не знае што тоа значи.

Ако навистина се препродавале лекови и терапија за сметка на животите на тешко болни луѓе, тоа заслужува најстрога можна казна!

Поддршка за МВР и ОЈО да го истераат случајот до крај!

Без разлика на партиска, етничка или верска припадност на криминалците!

За никогаш повеќе никој да не помисли, а камоли да го направи ова злодело“, стои во објавата на Богоев на ФБ.