Петок 19 јануари, Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Од Министерството им го честитаат празникот Богојавление (Водици) на граѓаните од православната вероисповед.