Боки 13: Камчев и Русковска знаат каде е милионот од торбата „Луи Витон“

За Бојан Јоовановски – Боки 13, случајот „Рекет“ не е расчистен , иако тој има правосилна судска пресуда, а во моментов има прекин на издржувањето на затворска казна за „Рекет“ поради здраствени причини.

„Рекет не е расчистен, јавноста мора да дознае што се случувало. Зоран Заев тврди дека знаел за ‘Рекет’ во смисла дека го бранел законот… рече Јовановски на денешната прес конференција пред Основниот кривичен суд Скопје

Според него, Заев извршил влијание за Јордан Камчев да го добие пасошот назад а за тоа Јовановски вели дека имал докази.

„А, за парите од „Рекет“ Русковска и Камчев знаат каде се. Русковска со овој предмет си направо себепромоција.

Таа прво тврдеше дека парите се во мојот дом, па потоа сум ги потрошил на мојата телевизија 1 ТВ, за на крај да каже дека се потрошени на гардеробата која сум ја носел, а ми беше запленета.

Тоа се три различни изјави. Русковска зборуваше онака како ќе и се погодеше денот, а не со аргументи.“, вели Јовановски

Во изјавата го спомена и Зоран Милевски Кичеец кој беше дел од „Рекет“, но кој призна вина и доби условна казна.

„Зоран Милевски призна вина и го отвори патот за осудителна пресуда. Да го прашање Кичеец денес што признал, тој нема да знае што признал. „Рекет“ не е јасен случај. За овој случај стоеше политичка контелација и тоа се лица кои и денес имаат позиција на моќ и функција“, дополни Јовановски.