ДИК: Акредитирани 942 странски набљудувачи, новинари и преведувачи за претседателските избори

Вкупно 942 странски набљудувачи, новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април.

Како што е објавено на веб-страницата на ДИК, до 19 април се акредитирани 342 локални и 568 странски набљудувачи и преведувачи, од кои повеќето се од ОБСЕ/ОДИХР.

Предвремените парламентарни избори во Македонија ќе ги следат над 2.000 локални и странски набљудувачи.

Изборите за шеф на државата ќе ги следат 32 странски новинари, меѓу кои и оние од агенциите Ројтерс и Франс прес, како и бројни медиуми од соседните земји.

Седмите претседателски избори во земјава ќе се одржат на 24 април, додека вториот круг е можен заедно со парламентарните избори на 8 мај.