БОЛЕСТ ОД ЕПИДЕМИСКИ РАЗМЕРИ: Денга треска што ја пренесуваат КОМАРЦИ убива и возрасни и деца во азиска земја, болниците се преполни

Бангладеш се бори со жестоката епидемија на смртоносната денга треска која ја пренесуваат комарците, која е поттикната од обилните монсунски дождови во јужноазиската земја.

Денга треска, Бангладеш

Ал Џезира објави дека во оваа земја со 170 милиони жители, болниците се преполни како резултат на тоа и дека здравствените експерти велат дека болеста веќе достигнала „епидемиски размери“.

Сепак, владата во Дака сè уште официјално не прогласила епидемија.

Денга треска, Бангладеш

Најмалку 176 луѓе умреле од денга треска до недела навечер, од кои 31 биле деца на возраст под 14 години.

Најлошиот ден беше минатата среда, кога во рок од 24 часа починаа 19 лица.

Генералниот директорат за здравствени услуги на Бангладеш соопшти дека околу 33.000 луѓе се хоспитализирани поради денга оваа година.