,,Болна” кариера! Нејмар се здоби со дури 16 повреди: Отсуствуваше 640 дена! Морничав здравствен картон!
Бразилскиот фудбалер Нејмар заработи нова тешка повреда.
Во 45. минута од натпреварот Бразил – Уругвај, Нејмар падна на тревникот и почна да се витка од болки. На сите им беше јасно дека Бразилецот нема да се врати на теренот наскоро. Стравовите се остварија, еден од најдобрите навивачи ги скина предните вкрстени лигаменти и ќе отсуствува најмалку шест месеци.
Дека е голем малер, Нејмар покажа и претходните години кога се здоби со дури 16 повреди и поради нив беше надвор од теренот точно 640 дена.
Првата тешка повреда ја доживеа во февруари 2018 година, кога ја повреди петата и беше надвор од теренот точно 100 дена.
Следната година, истата повреда го паузираше 88 дена.
По враќањето на теренот во април 2019 година, тој одигра само еден натпревар, пријателски. Го скрши зглобот, па во наредните 90 дена остана надвор од теренот.
Сезоната 2019-2020 беше негова најдобра во тој поглед бидејќи пропушти само 45 дена. Сепак, веќе во наредната сезона 2020-2021 тешко „плати“, бидејќи се здоби со три повреди.
Три повреди во сезоната 2021-2022 и три повреди во сезоната 2022-2023.
Сезонава одигра 17 натпревари за Ал Хилал и Бразил и толку за оваа сезона. Извесно е дека ќе го нема до крајот на оваа сезона, а прашање е кога ќе се врати.