Бомбастичното засилување на Милан пропадна на Сан Сиро: Тукушто потпиша договор а веќе заминува на лето (фото)

Како големо засилување минатата зима во Милан пристигна португалскиот фудбалер Жоао Феликс (25), кој го донесе на шестмесечна позајмица за пет милиони евра.

Потценување е да се каже дека Феликс на Сан Сиро не ги исполни очекувањата на навивачите и раководството на клубот, кои сега донесоа одлука за судбината на Португалецот.

По осум одиграни натпревари во Серија А, на кои Феликс имаше само една асистенција, челниците на Милан решија да не се ни обидуваат да го задржат Португалецот по летото.

Така Феликс веднаш ќе се врати во Лондон каде ќе им се приклучи на сините со кои има договор до 2031 година.

За потсетување, Феликс е еден од најскапите фудбалери на сите времиња, бидејќи Атлетико Мадрид своевремено плати неверојатни 130 милиони евра за неговиот трансфер од Бенфика. Тоа беше во 2019 година, а оттогаш играше и за Челзи, Барселона и Милан.

Феликс летово се враќа на Стемфорд Бриџ, а веќе е јасно дека Челзи не го сака и ќе бара нов клуб во кој ќе го испрати на позајмица.