БОМБА! Лионел Меси се враќа во Барселона – се огласи најпознатиот спортски новинар и откри нови детали!
Лионел Меси на лето би можел да се врати назад во Барселона!
Лионел Меси (35 г.) на лето би можел да се врати во Барселона. Токму тоа би можело да се случи за неколку месеци, откако најпознатиот спортски новинар Фабрицио Романо објави дека работите одат во тој правец и дека се може многу брзо да се реши. Потпретседателот на шпанскиот клуб Рафа Хусте првпат јавно проговори за тоа и призна дека веќе биле остварени контакти.
„Разговорите започнаа, а Лионел наскоро би можел да се врати дома. Ние сме во контакт со претставниците на Меси. Фудбалерот многу добро знае колку го цениме и би сакале да се врати во Барселона. Пред две години бев дел од преговорите за продолжување на договорот и знам колку беше тешко да го пуштам да си замине. Сигурно знам дека ја сака Барселона и ќе се обидеме да ги најдеме вистинските услови за продолжување на неговата приказна“, вели тој.
Романо потврди и дека Аргентинецот на маса ја има понудата и од ПСЖ, но дека се уште не донел конечна одлука за тоа. Причината за тоа изгледа е Барса. Меси израсна во шпанскиот клуб, стартуваше од помладите категории и дебитираше во 2004 година, а потоа поради тешката финансиска ситуација и проблеми во 2021 година се пресели во ПСЖ со кој не успеа да ја оствари целта и да ја освои Лигата на шампионите.