Борислав Крмов: “Прашањето за датумот за избори да се реши институционално“

Пратеникот Борислав Крмов, денес изјави дека партијата Левица би учествувала на лидерска средба за изборите, но смета дека прашањето кога би се одржале претседателските и парламентарните избори следната година може да се реши институционално.

Би требало институциите тие проблеми да ги решаваат. Имаме закон, имаме Изборен законик. Ако добиеме покана ќе размислиме, но најверојатно ќе ја прифатиме“, вели Борислав Крмов на прес-конференција во Собранието.