Борис Бекер,,удри” по Новак Ѓоковиќ: ,,Тој не беше при себе на теренот” (фото)

Борис Бекер и Новак Ѓоковиќ долго време работеа заедно, но по некои големи успеси се разделија, а Германецот подоцна помина низ тешки времиња, па дури и одлежуваше затворска казна.

Сега Бекер му се врати на тенисот и ќе му биде тренер на Холгер Руне, а кога го коментираше темпераментот на младиот Данец, реши да ја искористи приликата и вербално го нападна Новак Ѓоковиќ.

– Тоа е голема цел и задача. Холгер е дијамант на кој му треба полирање. Ми се допаѓаат неговите емотивни испади. Го тренирав Ѓоковиќ, кој понекогаш не беше при себе на теренот, но тоа е дозволено – изјави Бекер, а потоа додаде:

– Прашањето е колку брзо можеш да се вратиш во мечот и повторно да бидеш сконцентриран? Не се работи за исфрлање на мајка ти од трибините, туку за победа на натпреварот. Го сакам тенисот и кога еден од најдобрите 20-годишници ќе ме праша дали би сакал да го тренирам… Секој што ќе одговори со „не“ нема врска од спорт.

Навистина, непотребни зборови од Германец кој како да ги „измеша лончињата“ и заборави колку Новак му помогна да се здобие со име како тренер.