Карлеуша призна што ѝ било најтешко во последните 20 години! Не сакаше да крие, призна сè пред камерите, многумина во неверување (фото)

Јелена Карлеуша неодамна објави два албума „Алфа“ и „Омега“, а сега откри која песна и’ била најтешка за изведба.

Поп дивата објави снимка од студиото, додека ја пееше песната „Јас“, а судејќи по тоа како звучи, изгледа дека дала сто проценти од себе.

Сега откри дека оваа песна и’ била најголемиот предизвик, па ги замолила колегите да ја ,,средат” што подобро. За возврат, таа ќе им даде награда.

– Музички предизвик. Снимив многу песни кои се претешки за пејачите… но мислам дека оваа… „Јас” е потешка од „Тивок убиец“ и „Не вреди“. Многу е тешка за пеење во живо. Еве еден пејачки предизвик за сите млади пејачи. Снимете се како ја пеете оваа песна и означете ме. Ќе го објавам оној кој е најдобар и ќе гостува кај мене во некоја од следните емисии во живо на телевизија каде заедно ќе ја изведеме оваа песна. Запомнете, покрај техниката на дишење, поставеноста на гласот и дикцијата, најважното нешто во оваа песна е срцето! Емоција. Дај ми го твоето срце… – напиша Јелена под видеото.

,,Каква емоција, честитки. Ваква емоција има личност која поминува низ ужасно тешки периоди во животот, кои те зајакнуваат, но сепак оставаат трага на тебе”, ,,Вашите песни се реално најтешки за пеење. „Магија“, „Тивкиот убиец“, „Совршеното злосторство“ и многу други песни. Никој не може да ги пее освен тебе“, се дел од коментарите под објавата.