ФОТО | Најмладата милијардерка и ријалити ѕвезда отворено зборуваше за пластичните операции: “Користев само филери, но сепак се каам за една работа…“

Кајли Џенер (25 г.) отворено проговори за заблудите поврзани со нејзиниот изглед, а ги отфрли и тврдењата за пластични операции. 

За американската ријалити ѕвезда и сопственичка на козметичката империја долго време се зборува дека отишла „под нож“, но таа ги отфрли тие гласини за време на последната епизода на The Kardashians.

Разговарајќи за влијанието што таа и нејзиното познато семејство го имаат врз стандардите за убавина во денешното општество, Кајли им кажа на своите сестри, Кортни и Клои Кардашијан , дека е „нормално понекогаш да се чувствувате несигурни“.

Секогаш се сеќавав како бев најсигурното дете во друштвото. Отсекогаш се сакав себеси – сè уште се сакам себеси – и една од најголемите заблуди за мене е дека бев несигурно дете кое имаше толку многу операции за да ми се промени целото лице, што не е точно! Јас користев само филери. Не сакам тоа да биде дел од мојата животна приказна“, изјавила Кајли Џенер.

слика
Кајли Џенер

Во текот на разговорот признала и дека била жртва на претерано уредување фотографии: „Ја поминав таа фаза, но сега се чувствувам подобро“. Таа објаснила дека колку и да сте самоуверени, другите луѓе сепак можат да ви всадат несигурност.

На пример, таа се присетила како нејзиното семејство секогаш се исмејувало со изгледот на нејзините уши кога била помлада, а Кортни и Клои не сфаќале колку тоа влијаело на неа.

На почетокот на оваа година, Кајли Џенер отворено кажа дека жали што користела филери за усни, признавајќи дека посакувала никогаш ништо да не допрела на нејзиното тело.

Мислам дека голема заблуда за мене е дека имав толку многу операции на лицето и дека сум несигурна личност, а всушност не бев“, изјавила таа за магазинот Homme Girls.

Да, сакам пополни усни и ги сакав, но растејќи секогаш бев најсигурната личност во друштвото. Јас бев девојката која ги забавуваше сите“, заклучила Кајли Џенер.