ВИДЕО | ЗА ВРЕМЕ НА ПРОГРАМА ВО ЖИВО ЕКСПЛОДИРАЛ ВОЕН МАГАЦИН ВО ГРЦИЈА! Наредена е итна евакуација на целата област: Погледнете ја драмата во Волос што ја ‘уловиле’ камерите

Густ чад се издигна над областа Волос во Грција откако силни експлозии го потресоа складиштето за муниција на воздухопловните сили во Неа Агиал.

Според информациите од соседните медиуми, наредена е итна евакуација на областа. 

Моментот на експлозијата го снимила новинарка за време на пренос во живо, а по првичната експлозија, следеле серија експлозии.

Официјални лица претходно изјавија дека Армијата добила наредба да ги евакуира објектите додека се приближувал пожарот.

Засега не е познато каква муниција била складирана на овој простор. Неофицијални информации кружат дека внатре имало околу 2.000 бомби и ракети HARM.

Министерството за одбрана на Грција соопшти дека експлозиите се случиле во магацини каде што се чува муниција за подготвеност на борбени авиони кои полетуваат во случај на интервенција во Егејското Море.

Експлозиите се слушнале дури до Волос и Скопелос.

Магацинот кој се наоѓа на неколку километри од аеродромот на 111-от борбен полк има надземни и подземни тенкови, а пожарот во тој дел на Грција со денови неконтролирано гори.