ПРЕВЕЗОТ НА МИСТЕРИЈАТА НАД УРИНАТИНИТЕ НА ЛУКСУЗНА ЗГРАДА: НЕМА ТРАГА ОД Кристијан Ацу, се појавија 2 ТЕОРИИ што всушност му се случило!

Во тек е единаесеттиот ден од потрагата по преживеани под урнатините во Турција и Сирија, а на минимум се сведени шансите да има живи луѓе под купот урнатини.

Сепак, има надеж и верба во чудо, па спасувачите не запираат. Така е и со фудбалерот Кристијан Ацу, за кого со денови нема никаква вест.

Тешката механизација по неколку дена успеала да стигне до локацијата за која се претпоставува дека се делови од станот во кој живеел фудбалерот, а семејството кое учествува во спасувањето со денови не губи надеж.

Турција, земјотрес, Кристијан Ацу

Сепак, превез од мистерија надвисна над урнатините на луксузната зграда бидејќи се урнал по вториот земјотрес и паднал „на страна“. Оваа информација е доста контрадикторна, пишува „ Хуриет “, а постојат две теории за тоа каде можел да се наоѓа фудбалерот од Гана во моментот на земјотресот.

Кристијан одиграл натпревар ноќта пред земјотресот со јачина од 7,7 степени, а по мечот отишол кај соиграчот Сем Адекугбе и останал со него до доцна во ноќта.

Се претпоставува дека тој пристигнал во својата куќа околу 03:30 часот, приближно во моментот на првиот удар. Бидејќи 11-катницата се урна во вториот земјотрес, се верува дека фудбалерот успеал да се спушти на паркингот за да стигне до својот автомобил, каде што бил затрупан.

Многу луѓе кои живееле во таа зграда преживеале бидејќи се срушила на страна, па успеале сами да излезат низ „празнините“. Сепак, повеќе од 10 дена нема ни трага ни глас од фудбалерот, како и од спортскиот директор Тенер Савут.