НЕВЕРОЈАТНА СЦЕНА: Возачот стои на патеката и зачудено гледа во својот мотор додека тој сеуште вози! Трагедија избегната само со чиста среќа!

Неверојатна сцена е видена на трката Мото 2 во Херез, Шпанија.

Шпанскиот возач Алекс Ескриг, кој вози за „Forward Team“ во 11-от круг, падна од моторот, а потоа се случи надреална ситуација.

Моторот остана на тркалата и продолжи да се движи по патеката без возач. Шокираниот Шпанец стана и зачудено гледаше како неговиот мотор продолжува да се движи напред.

Мото 2

Моторот на крајот излетал од патеката, поминал меѓу двајца случајни минувачи и удрил во заштитната шина. Само со чиста среќа бил избегнат жесток судир.

Погледнете ја оваа несекојдневна сцена: