БОРЦИТЕ НА ВАГНЕР СЕ ОБИДЕЛЕ ДА УКРАДАТ НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ ЗА ВРЕМЕ НА БУНТОТ – Нови детали откриваат пикантерии за планот на ‘готвачот’: Еве што се случувало на 24. јуни!
Еден контингент членови на групата Вагнер за време на вооружениот бунт на 24. јуни, според информациите објавени од медиумската агенција Reuters, наводно се упатил кон руска воена база каде што се складира нуклеарно оружје.
Додека повеќето од силите на Вагнер се движеа кон север кон Москва на 24. јуни, помал контингент воени возила се свртел кон исток на автопатот во правец на утврдената руска армиска база во Воронеж, тврди Reuters, повикувајќи се на снимки објавени на локалните социјални мрежи и изјави на мештаните.
Конвојот наводно бил изгубен на околу 100 километри од нуклеарната база Воронеж, додека Reuters не може да потврди што се случило потоа.
Првиот човек на украинската воена разузнавачка служба, Кирило Буданов, сепак, тврди дека борците на Вагнер отишле многу подалеку. Кирило Буданов наведува дека стигнале до нуклеарната база и дека нивната намера била да набават мали нуклеарни уреди од советската ера за да се „борат“ за време на бунтот.
„Ако сте подготвени да се борите до последниот човек, таа воена база е еден од објектите што значително го крева влогот“, изјавил Кирило Буданов.
Единствената пречка меѓу борците на Вагнер и нуклеарното оружје, како што тврди Кирило Буданов, била вратата на нуклеарното складирање.
„Вратата од магацинот беше затворена и не влегоа во техничкиот дел“, вели тој.
Reuters, сепак, не можеше независно да потврди дали борците на Вагнер навистина стигнале до Воронеж. Кирило Буданов, од друга страна, не обезбедил докази за своите тврдења. Тој, исто така, одбил да каже какви, доколку имало, дискусии имало тој ден со САД и другите сојузници за инцидентот. Тој, исто така, не кажал зошто борците на Вагнер потоа се повлекле.
Извор на медиумксата агенција Reuters близок до Кремљ наводно потврдил делови од извештајот.
„Контингентот на Вагнер успеа да влезе во зоната од посебен интерес, што ги загрижи Американците бидејќи има нуклеарна муниција“, изјавил изворот без да наведе повеќе детали.
Западните официјални лица постојано тврдеа дека руските нуклеарни резерви не биле загрозени за време на бунтот, кој заврши брзо и мистериозно подоцна истиот ден. Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Адам Хоџ, изјави дека САД не можат да ги потврдат наводите дека членовите на Вагнер ја нападнале воената база.
„Немавме индикации дека нуклеарното оружје е во опасност“, изјави тогаш Адам Хоџ.
Контингентот кој се упатил кон Воронеж наводно бил одвоен од поголема тешко вооружена колона која напредувала на автопатот М4 кон Москва. Reuters, врз основа на снимките и изјавите на жителите, вели дека наскоро дошло до конфронтација со руската војска во близина на едно село, но потоа се чини дека колоната поминала без проблеми во следните 90 километри – вклучително и неспорно возење низ центарот на градот каде се наоѓа воената база.
Reuters го следел напредокот на конвојот до градот Таловаја, кој е на околу 100 километри од базата Воронеж. Базата од советската ера е една од 12-те руски национални капацитети за складирање на нуклеарно оружје. Жителите изјавиле за Reuters дека во близина на Таловаја руските сили нападнале конвој и дека еден хеликоптер бил соборен, а двајца членови на екипажот биле убиени.
Кирило Буданов инаку тврди дека Воронеж содржи мали нуклеарни направи кои можат да се носат во ранец, но повторно не дал докази за своите тврдења.
Моментот на движење на колоната наводно е снимен на видео објавено на информативен сајт од регионот Воронеж. Reuters тврди дека на видеото се гледа раскрсница во близина на градот Павловск. Друго видео објавено на локална огласна табла на Интернет покажува поле во близина на селото Елизаветовка додека насекаде се слушаат експлозии и пукотници.
„Почна ли војната“, се слуша паничен машки глас на видеото.
Новинар на Reuters разговарал со еден локален жител кој наводно потврдил дека руската Армија ги нападнала силите на Вагнер.
Неколку часа подоцна конвојот поминал низ селото Воронцовка. Две видеа објавени на социјалната мрежа Телеграм покажуваат повеќе од десетина возила, вклучувајќи оклопни транспортери и тенкови и камиони со митралези или артилерија. Според најавите на онлајн огласната табла на градот, конвојот потоа стигнал до Бутурлиновка.
Корисниците на руските социјални мрежи подоцна истиот ден започнале да известуваат за присуство на воен конвој во градот Таловаја. Едно видео споделено од локален жител со Reuters покажува колона воени возила кои се движат низ периферијата на градот. Друго видео покажува најмалку 75 возила во конвој на работ на градот, вклучително и пет оклопни транспортери и две амбулантни возила.
Еден жител рекол дека локалното население им понудило храна и вода на војниците на Вагнер. Според него, ситуацијата била мирна се додека рускиот хеликоптер не пукал кон конвојот. Луѓето на Вагнер, наводно, возвратиле и хеликоптерот паднал на земја со експлозии и облак чад.
Руските државни медиуми подоцна објавија снимка од дрвениот крст поставен на местото во областа Таловаја каде се урнал Ка-52. Гувернерот на Псковската област Михаил Ведерников изјави дека двајцата убиени членови на екипажот биле стационирани во воена база во неговиот регион во северозападна Русија.
„Верни на својата заклетва, тие направија се за да ја заштитат нашата земја“, рекол Михаил Ведерников во видео обраќањето објавено на неговиот канал на социјалната мрежа Телеграм.
Reuters, сепак, не можеше да утврди што направила колоната понатаму. Жител на Таловаја за агенцијата изјавил дека колоната не се движела понатаму и дека по прогласувањето на примирјето се свртела и се вратила како што дошла.
Кирило Буданов тврди дека Вагнер всушност пристигнал на Воронеж со намера да заплени нуклеарно нуклеарно преносливо оружје од советската ера, складирано во објектот.
Сепак, постојат докази дека руската војска презела драстични мерки за блокирање на друга потенцијална пристапна рута до Воронеж.
Патот Е-38 се одвојува од автопатот М-4 кај населеното место Рогачевка и води до базата. Вечерта на 24. јуни жителите пријавиле дека слушнале експлозии. Видеото објавено од локалниот канал на социјалната мрежа Телеграм го снимил звукот на авионот проследен со експлозија.
Мотоциклистот, кој го возел Е-38, потоа објавил видео на кое се гледа како патот е покриен со урнатини во близина на мостот на реката Битјуг. На видеото се гледа дека во една лента има длабок кратер.