Босанската полиција на нозе! Случајно откриен кокаин вреден 15 милиони евра во магацин – Работниците отишле по банани а нашле дрога

Поголемо количество кокаин е пронајдено во магацин на фирма во месноста Широки Бријег.

ЖКокаин меѓу пакувањата со банани пронашле работници кои го известиле сопственикот на компанијата, кој веднаш ја алармирал полицијата, дознава Аваз.

Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) соопшти дека со заплената е распаднат поголем синџир на шверц на наркотици.

– Пронајдени се точно 124 килограми кокаин. Спречен е синџир на шверц. Обвинителството на Босна и Херцеговина е информирано за сè – соопшти Државната агенција за истраги и заштита.

Вредноста на пронајдениот кокаин е меѓу 10 и 15 милиони евра.