Босанските медиуми тврдат: Полудениот бодибилдер Нермин уби 3 лица, меѓу кои и бебе! Сè било пренесувано во живо на Инстаграм! (фото)

Корисник на социјалната мрежа Инстаграм утринава објави вознемирувачко видео на кое, како што тврди, ја убива сопругата.

Од полицијата велат дека во тој град имало пукање и дека две лица се ранети, а се трага по напаѓачот.

Според неофицијални информации овие две лица починале.

Како што потврдија за Klix.ba од полициската управа на Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла, нивните службеници добиле дојава за употреба на огнено оружје во Градачац. Тие прецизираа дека полициски екипи во моментов се на терен и дека се утврдуваат сите факти.

Еден човек објави видео со исклучително вознемирувачка содржина на социјалната мрежа Инстаграм, порачувајќи им на гледачите дека во живо ќе видат убиство.

На видеото потоа се гледа како зема пиштол и испукува куршум во челото на женско лице. Исто така, на видеото може да се слушне плачот на дете кое било во непосредна близина.

Полицијата во моментов трага по престрелката во Градачац, а сите активности ги спроведува во соработка со Кантоналното обвинителство во Тузла.

Klix.ba стапи во контакт со оваа судска институција од која не можеа да кажат детали за случајот во Градачац, наведувајќи дека се утврдуваат сите детали.

Полицијата: Неколку лица се повредени

МВР ТК излезе со соопштение од каде истакна дека денеска во Градачац било употребено огнено оружје од машко лице, при што според првичните информации се повредени неколку лица.

„Има интензивна потрага по лицето. За настанот бил информиран кантоналниот обвинител. Полициски службеници се на терен и ги преземаат потребните мерки и дејствија. На терен се испратени и екипи на Полициската единица за специјална поддршка“, соопштија од Одделението за односи со јавноста на Управата за полиција.

Исто така, од Обвинителството во Тузла соопштија дека во моментов ги немаат сите релевантни информации.

„Полициските сили се на терен. Акцијата е во тек. Ќе бидете известени кога ќе ги имаме сите веродостојни информации“, соопштија кусо од Обвинителството ТК.