Бојан Јовановски итно хоспитализиран во болница, ќе му се отстранува желудникот

Бојан Јовановски со прекар Боки 13 денеска е хоспитализиран во Универзитетската клиника за хируршки болести Св.Наум Охридски Скопје, заради извршување на хируршка интервенција, тотална гастректомија, односно целосно отстранување на витален орган – желудник, информираат од неговиот Правен тим. 

Согласно специјалистичкиот извештај, во соопштението се наведеува, дека за извршувањето на операцијата е формиран тим на повеќе хирурзи – специјалисти од областа кои, во наредните денови ќе му бидат извршени сите потребни испитувања и подготовки за операцијата, по што ќе пристапат кон извршување на операцијата.

Истовремено напоменуваме дека хирурзите – специјалисти  се оградуваат од ризикот и одговорноста за исходот од оперативниот зафат, дотолку повеќе што тие навремено и повеќекратно даваа категорични препораки и укажувања преку конзилијарните стручни мислења да не дојде до оваа операција и да се избегне овој мутилантен хируршки зафат, од причини што самата хируршка интервенција е високо ризична и сложена, придружувана со можни компликации кои можат да бидат кобни за пациентот“, се вели во соопштенито од правниот тим на Јовановски.

Бојан Јовановски Боки 13 издржува казна затвор од девет години за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари во случајот „Рекет“.