Марсело кариерата ќе ја продолжи во Флуминенсе, клубот каде што ги направи фудбалските почетоци, левиот бек прифатил помала плата за да се врати дома.
Марсело не трошеше многу време за да пронајде нов клуб откако ја прекина соработката со Олимпијакос, левиот бек повторно ќе го облече дресот на Флуминензе, клубот каде што ја започна кариерата.
Како што пренесуваат медиумите од Бразил, на оваа зделка се работеле подолго време и првично планот бил Марсело да се врати дома летоска, кога ќе му заврши договорот со Олимпијакос.
Но по новиот развој на настаните, двете страни се сложиле Бразилецот веднаш да се пресели во Флуминенсе, се очекува Марсело за две недели да пристигне во Рио де Жанеиро и да стави потпис на соработка до декември 2024 година, со опција за додатни 12 месеци.
За да се реализира зделката, Марсело морал да прифати помала плата од таа која ја заработувал во Европа.