Братучетка на Ријана ненадејно починала, имала само 28 години

Братучетката на Ријана, Танела Алејн, ненадејно почина на само 28 години на Барбадос.

Таа е погребана со семејството во црквата Св. Џорџ Периш во родниот Барбадос на Ријана. На погребот се свиреше баладата на Ријана „Lift Me Up“, пренесува Loop Barbados News.

Причината за нејзината смрт се уште не е откриена, а не е познато дали пејачката присуствувала на погребот. Говорејќи на погребот, мајка која ја посвоила Танела, Џули-Ен Брајан, ја запамети како жена која „живееше живот полн со благодарност и прилично голема самодоверба“.

“Имаше нешто посебно во Нела. Беше храбра. Нашата љубов еден кон друг беше секогаш”, рече таа на крајот. Оваа трагична смрт дојде само шест години откако братот на Танела, Тавон, бил смртно застрелан.

Да потсетиме, иако се шпекулираше дека Ријана станала мајка на девојче, најпознатиот американски таблоид ТМЗ пишува дека на почетокот на месецов пејачката родила син чие име почнува на – Р. Целото име се уште не е познато, но се знае дека момчето е родено на 3 август.