Брачен пар загина на Кримскиот мост: Ќерка им е ранета во серија експлозии, сообраќајот е прекинат (ВИДЕО)

Сообраќајот на Кримскиот мост е запрен рано утринава, а во првите извештаи се наведува дека се слушнале експлозии, а во инцидентот има и жртви, јавува Си-Ен-Ен.

Брачен пар кој патувал со автомобил загина, а нивната ќерка е повредена во инцидент што се случи утринава на мостот на Крим, изјави гувернерот на југозападната руска област Белгород, пренесе Си-Ен-Ен.

– Утрото го започнавме со информација за вонредната состојба што се случи на мостот на Крим. Сите видовме на интернет видео од оштетен автомобил со белгородски регистерски таблички – напиша Вјачеслав Гладков на Телеграм.

– Девојчето е повредено… Најтешко е што му починаа родителите – додаде Гладков.

Руската новинска агенција Тасс објави дека детето ќе биде однесено во рускиот регион Краснодар.

Руската агенција јавува дека сообраќајот преку мостот на Крим е во прекин.

За потсетување, рано утринава беше запрен сообраќајот на мостот на Крим, а во првите извештаи беше наведено дека се слушнале експлозии.