„Влаховиќ, ако дојдеш во Париз, ќе ти исечеме три прста“: Страшна порака од навивач на ПСЖ до српскиот репрезентативец (ФОТО)

Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ сè уште не го напуштил Јувентус, а камоли да се пресели во ПСЖ, а веќе доби застрашувачки закани во Париз.

Група навивачи на „светците“ се појавија пред стадионот „Паркот на принцовите“ со транспарент со страшна порака упатена до напаѓачот на „орлите“:

Влаховиќ, ако дојдеш во Париз, ќе ти отсечеме три прсти“.

Причината е што Влаховиќ најчесто ги прославува постигнатите голови со три кренати прсти, но и затоа што е фотографиран во маичка на која пишува „Радувај се, српски роде“ заедно со мапа на која Косово е дел од Србија.

Инаку, според медиумите Влаховиќ е навистина блиску до преселба во ПСЖ.