Бред Пит (60) и неговата девојка Инес де Рамон (34) решиле да направат посериозен чекор во врската – почнаа да живеат заедно.
Извор за американските медиуми изјавил дека нивната љубов е се посилна и дека Инес е посреќна од било кога. Двајцата првпат беа видени заедно во ноември 2022 година.
Актерот неодамна наполни 60 години, а на пауза од снимањето на филмот „Формула 1“ организираше приватна прослава на која ги покани Инес и блиски пријатели.
Инес дипломирала бизнис администрација на Универзитетот во Женева во 2013 година. Сепак, таа моментално се занимава со индустријата за накит. Имено, таа работи како шеф на продажба во компанијата Anita Ko Jewelry.
Таа беше во брак со Пол Весли, а се разведоа во април 2022 година. Бред се разведе од Анџелина Џоли во 2019 година. Тие имаат шест деца.
“Ова е негова прва сериозна врска по разводот со Анџелина. Ја запозна со сите свои пријатели и членови на семејството. Прекрасно е да се види дека му оди. Инес го прави многу среќен”, рекол извор за американскиот магазин People.