Бред Пит му ја украл жената на Тајсон! Опасниот боксер ги затекнал сопругата и познат актер во жешка акција: Се скаменив, ги гледам и… (ФОТО/ВИДЕО)

Во моментов на социјалните мрежи во Америка кружи анегдота чии главни актери се Мајк Тајсон и Бред Пит, а во најмала рака е шокантна.

Бред Пит му ја украл сопругата на Тајсон, а како се случило тоа раскажал познатиот боксер пред девет години во една радио емисија.

Во емисијата тој се потсети на крајот на 80-тите кога се разведуваше со сопругата Робин Гивинс. Убавата Робин тогаш го обвини Тајсон за семејно насилство, а тој тврдеше дека таа била со него само за пари.

Како и да е, тие очигледно не можеа да си одолеат еден на друг дури и за време на неколкумесечната постапка за развод па продолжија да се гледаат повремено, при што Мајк честопати наминувал кај Робин на ,,брз секс.”

Но, во исто време Робин се гледала и со Бред Пит. Тие често излегувале заедно, а извесно време биле дури и легитимен пар. Така во една прилика Бред веќе бил со згодна манекенка, кога Тајсон им упаднал кога имале интимен момент. Како изгледаше на дело најдобро опиша самиот легендарен спортист:

– И така еден ден дојдов до нејзината врата, заѕвонив, но никој не се јави. Се враќам до мојата кола, гледам наоколу, ја гледам нејзината кола одзади. Знам дека колата е нејзина затоа што јас и’ го купив. Доаѓам малку поблиску и гледам бледа силуета. Уште повеќе се доближувам и гледам некој лик кој очигледно ,,работи”, а главата се движи горе-долу. Кога се доближив поблиску, гледам тоа е Бред Пит. Требаше да му го видите лицето кога ме виде. Изгледаше како да е под дејство на марихуана бидејќи знам дека користи. Каков безсрамник е само Бред Пит – додаде Тајсон.