Тинејџерка роди близанци кои имаат различен татко: Мислела дека еден маж е татко на нејзините деца, па следувало шок!

19-годишна жена од Бразил родила близнаци кои имаат различни татковци. Нејзините бебиња се вистински медицински феномен бидејќи вакво нешто се случува еднаш во милион случаи.

Младата мајка, која сакаше да остане анонимна, рече дека во ист ден била интимна со двајца мажи, поради што на своите деца им направила тест за татковство осум месеци по породувањето. Собрала ДНК-материјал од маж со кој имала врска, и за кој, и покрај необичниот сплет на околности верувала дека е татко на двете деца. Се испостави дека само едно дете е негово.

И вториот потенцијален татко бил тестиран и резултатот за второто бебе бил позитивен.

Овој феномен научно се нарекува хетеропарентална суперфекундација.

Во интервју за Глобо, докторот на мајката на близнаците, Тулио Хорхе Франко, го објасни овој многу редок феномен, кој се случува еднаш во милион.

– Можно е две јајце клетки од иста жена да бидат оплодени од различни мажи. Бебињата го делат генетскиот материјал на мајката, но растат во различни плаценти, објасни докторот.

Тој нагласи дека случајот е исклучително редок и дека никогаш не помислил дека во животот ќе види такво нешто. Се претпоставува дека во светот има само 20 такви случаи.

Локалните медиуми објавија дека децата сега имаат 16 месеци, а еден од татковците помага во грижата за децата.