Бресквица се огласи по фијаското на протестот затоа што не беше избрана да ја претставува Србија на Евровизија
По синоќешното фијаско на протестот кој беше организиран пред зградата на РТС во Белград бидејќи Бресквица не беше избрана да ја претставува Србија на Евровизија, се огласи и пејачката.
Таа на социјалната мрежа Инстаграм објави сторија од својот настап во Цирих и испрати порака до јавноста.
“За мене ова значи победа и засекогаш ја затвораме оваа тема на мојот профил“, напиша пејачката покрај фотографијата од преполниот ноќен клуб.
Бресквица претходно го поддржа најавениот протест, но не се појави на него, туку настапи во Швајцарија. Откако изјави дека треба да има протест за неа, наиде на критики од дел од јавноста.
Иако оваа пејачка во неколку наврати нагласи дека не и било тешко да не победи на Евровизија, многумина мислат дека со поддршката на протестот го докажала спротивното.
Потсетуваме, синоќешниот протест пред зградата на РТС беше целосно фијаско бидејќи покрај новинарите и полицијата кои го обезбедуваа настанот, се појавиле само две лица.