Пожар во угостителски објект во Градски пазар во Охрид, причинета поголема материјална штета

Пожар рано изутринава избувна во угостителски објект во зградата на Градски пазар, на булеварот „Туристичка“ во Охрид.

Пожарот некаде во 3:30 часот бил пријавен во Територијалната противпожарна единица која веднаш интервенирала со две возила, така што со брза интервенција е спречено ширење на пламенот на другите дуќани во објектот.

Во тек е увид на лице место, а истрагата треба да ги утврди причините за пожарот во кој е предизвикана поголема материјална штета.