– Глечерите на планинскиот венец на Хималаите се топат со голема брзина, што може да предизвика опасни поплави и недостиг на вода за околу 240 милиони луѓе кои живеат во тој планински регион.
Топењето на хималајските глечери 65 отсто побрзо отколку во претходните децении и намалувањето на снежните наноси поради глобалното затоплување може негативно да влијае на пристапот до свежа вода за речиси две милијарди луѓе во регионот.
Глечерите во тој регион до 2100 година би можеле да изгубат од 75 до 80 отсто од својот волумен поради глобалното затоплување.
Глечерите на планините Хиндукуш Хималаи се топат со „невидена брзина“, се вели во извештајот на Меѓународниот центар за интегриран планински развој (ICIMOD) со седиште во Катманду.
Се проценува дека оваа ситуација негативно ќе влијае на 240 милиони луѓе кои живеат околу планините, како и на повеќе од 1,6 милијарди луѓе во Индија, Пакистан, Кина и други соседни земји.
Глечерите ги хранат реките, кои се извор на свежа вода за речиси две милијарди луѓе.
Населението кое живее во планинските региони е многу повеќе погодено од климатските промени отколку населението кое живее во другите делови на светот.
Ефектите од климатските промени почнаа да се забележуваат и во регионот.
Пем Пирсон, директор на Меѓународната иницијатива за клима во криосферата (ICCI), рече дека е многу тешко повторно да се замрзнат глечерите во регионите околу Хималаите кои се стопиле.
Неодамнешното истражување, кое укажува на интензивното топење на глечерите низ светот, утврди дека глечерите на Монт Еверест само во последните 30 години изгубиле 2.000 години мраз.