Брзо и лесно: Торта со смокви и ореви

Состојки:

– околу 300 гр свежи смокви

– 100 гр ореви

– 150 гр путер

– 140 гр брашно

– 1 лажичка прашок за пециво

– 1 лажичка цимет

– 3 јајца

– 1 лажичка екстракт од ванила

– 100 гр бел шеќер

– 100 гр кафеав шеќер

– шеќер во прав за посипување

Подготовка:

Измешајте го путерот на собна температура со шеќерот, додадете ги јајцата и екстрактот од ванила, па измешајте сè заедно.

Во оваа смеса двапати додадете брашно измешано со прашок за пециво и зачини. На крајот рачно измешајте ги ситно сечканите ореви и смоквите.

Колачот се пече на 180 степени, готов е кога ќе прободите чепкалка во средината и останува сув.

Изладениот колач посипете го со шеќер во прав и послужете.

Пријатно!