Брилијантна идеја: Инфлуенсерка заработила 18 милиони долари за само седум дена (ВИДЕО)

Социјалните мрежи долго време се користат не само за комуникација и забава, туку станаа и одлична платформа за рекламирање, промоција и продажба на различни производи.

Тоа го искористи и кинескata инфлуенсерka Џенг Ксијангсијанг, кој на промоцијата на секој производ посветува само три секунди, а препознатлива е по купот кутии кои наликуваат на Хермес во позадина.

Асистентот и ја подава кутијата, таа го покажува производот за само неколку секунди, ја кажува цената и продолжува понатаму.

Според странските медиуми, на овој стример во живо му оди доста добро и за само една недела заработил околу 18 милиони долари.

Нејзината продажба оди добро и поради нејзиниот уникатен пристап и поради ниските цени на производите што ги промовира.

Според Today Online, иако Ксијангксианг за многумина е ново лице, таа всушност се занимава со овој бизнис од 2017 година. Сепак, нејзината популарност вртоглаво порасна минатиот месец. Видеата со овој стример станаа вирални на TikTok и предизвикаа бројни коментари.

„Не можам ни да видам што продава“, „Тергетирање на импулсивни купувачи, тоа е пазар со многу купувачи“, „Ова е добро затоа што никој не сака да ги знае здодевните детали за секој производ, а ако нешто им фати око ќе оди да го побара тоа“, „Таа го прави ова за да го задржи гледачот и да создаде чувство на итност. Брилијантно“, „Ми се допаѓа, не сакам да слушам за џемпер 10 минути“, „Посакувам сите реклами да беа вакви“, се дел од илјадниците коментари под нејзините видеа.