Огнена апокалипса во Хрватска: Има повредени, меѓу нив и пожарникар

Попладнево во градот Горњи Бановци во Шибеничко-книнската жупанија избувнал голем пожар кој сè уште не е ставен под контрола.

Пожарникарите се борат со огнот, но силниот ветер им ја отежнува работата.

Според локалните медиуми, во пожарот се повредени еден пожарникар и едно лице. За среќа, пожарникарот e во добра здравственаа состојба.

Хрватското пожарникарско здружение апелира до граѓаните да се држат подалеку од зоната за гаснење за да им се овозможи на пожарникарите да си ја завршат работата.

Според извештаите, граѓанинот кој е повреден по своја волја влегол во зоната за гаснење.

Министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ денеска планира да ги посети подрачјата зафатени од пожарот, особено подрачјето на Гребаштица кај Шибеник.

Во гаснењето на пожарот учествуваат голем број пожарникари, (155), со 57 возила. Ним им помагаат и четири противпожарни авиони од канадски тип и два „Ертрактор“.

Според пишувањата на локалните медиуми, пожарот ја зафатил цела Гребаштица, а чад и пепел има насекаде. Противпожарните бригади се распоредени на секој километар, а полициски патроли и возила има и долж Јадранската магистрала, од блокадата во Жабориќ до Гребаштица.