Специјалниот пратеник на ЕУ за Сирија Ден Стоенеску оцени дека е целосно неправедно да се обвинува Унијата дека не обезбедува доволно помош за Сиријците по разорниот земјотрес што погоди делови од Сирија и Турција претходно оваа недела.
„Целосно е неправедно да нè обвинуваат дека не даваме помош кога повеќе од една деценија го правиме токму тоа, а уште повеќе од почетокот на кризата по земјотресот“, рече Стоенеску во писмен коментар за Ројтерс, пренесува БТА.