Британскиот крал ги осуди варварските акти на тероризам во Израел

 Британскиот монарх крал Чарлс Трети ги осуди постапките на Хамас, јави Би-Би-Си.

Според портпаролот на Бакингемската палата, кралот Чарлс е „згрозен и ги осудува варварските акти на тероризам во Израел“.

– Ова е ситуација за која Неговото Височество е крајно загрижен и тој побара да биде постојано информиран за состојбата, рече портпаролот.

– Неговите мисли и молитви се со сите оние кои страдаат, особено оние кои ги загубија своите најблиски, но и оние кои се активно вклучени, додаде тој.